Висока победа на стартот на првенството на велешките фудбалерки
Објавено: 11 октомври, 2021, во 17:17 часот
На стартот на првенството фудбалерките на „Борец“ во Битола ја „прегазија” домашната екипа на „Топ гол” совладувајки ја со 6:0. Со ова смо потврдија дека борбата за висок пласман е реалност.
Веќе во среда, на 13 октомври, ним им претстои вистински тест. На Градски стадион „Зоран Паунов“ во Велес гостува шампионот „Саса” од Каменица.
Обете екипи најавуваат победа па ова ке биде убава можност гледачите да видат одличен натпревар. Натпреварот започнува во 15 часот.
Лазар Лазаровски

