Татко пријавил исчезнување на малолетна ќерка, полицијата трага по девојчето
Објавено: 27 јули, 2024, во 17:14 часот
Во Одделот за внатрешни работи Кавадарци, вчера, околу 14:00 часот, четириесет и шест годишниот Б.Ј.(46) од Росоман пријавил дека од домот се оддалечила неговата ќерка М.Ј.(12). Малолетничката и претходно се оддалечувала и била враќана.
„Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето,“ соопшти Биљана Ѓаковска од Сектор за внатрешни работи Велес.
Убавка Јаневска


