Администрацијата на работа со сертификати или негативни ПЦР тестови

Oткако бројот на заразени со Ковид -19 во земјава започна да расте Комисијата за спречување заразни болести излезе денеска со нови предлог мерки до Владата кои на сила треба да стапат 10 дена од нивното усвојување.
-Сите вработени во јавниот сектор, во локалната самоуправа, во сите институции , за одење на работно место, да мора да прикажат потврда за најмалку една примена вакцина или да имаат пцр негативен тест кој ќе важи најмалку 72 часа а ќе биде направен на сопствен трошок, или пак да имаат потврда за прележан Ковид-19 не постара од 45 дена или ќе имаат потврда од лекар специјалист дека вакцината не може да ја примат а тоа се некои од ретките имунолошки состојби за кои ние ќе излеземе со листа на болести и специјалисти кои тие потврди ќе може да ги издаваат – изјави Филипче.
Филипче додаде дека комисијата препорачала на мерките да се приклучат и приватните компании . Веќе имаме најави за такво нешто затоа што од Сојузот на Стопански комори стигна едно писмо со слични барања а се со причина да се заштитат производствените капацитети и целокупниот економски процес во земјата, изјави министерот за здравство.
Комисијата предлага и вакцинацијата за здравствените работници да биде задолжителна.
