АМСМ: Сообраќајот се одвива непречено, по претежно суви коловози.

Објавено на 14 ноември, 2022 во 09:21

Возачите потребно е задолжително да носат зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска започна на 15 ноември,годинава и ќе трае до 15 март 2023 година. Повеќе информации може да прочитате овде.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.


Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица е затворен за сообраќај од 01.11.2022 за сите видови возила.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.