Австрија воведува карантин за невакцинираните од Ковид-19

Објавено на 15 ноември, 2021 во 13:00

Владата на Австрија воведе забрана за движење на невакцинираните против ковид-19.

На сите невакцинирани граѓани постари од 12 години им се забранува да ги напуштаат домовите во следните 10 дена, освен за основни активности, одење на работа, во продавница, на прошетка, или на вакцинирање.

Според австриската Влада мерката е донесена со цел да се намали бројот на смртни случаи и да се спречи преоптоварување на болниците.

Канцеларот Александер Шаленберг изјави дека одлуката за „заклучување“ на невакцинираните граѓани е донесена бидејќи работата на Владата е да ги заштити граѓаните.

Забраната ќе ги погоди околу два милиони од 8,9 милиони Австријци. Во случај на кршење на забраната невакцинираните граѓани ќе можат да бидат казнети и парично до 1.450 евра.

Во Австрија вакцинирани се околу 65 проценти од граѓаните, а изминатите недели забележан е раст на новозаболени со ковид-19.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.