Бектеши уверува дека треба да бидеме спокојни за цената на струјата

Објавено на 13 декември, 2022 во 09:42

Министерот за економија Крешник Бектеши во емисијата 24 анализа изјави сите граѓани да бидат мирни и спокојни за цената на струјата и дека Владата се грижи.

Тој посочи дека ќе има 24 часа снабдување со електрична енергија и редовно снабдување со топлинска енергија во Скопје до крајот на грејната сезона.

Но, Бектеши рече дека Владата планира да го данокот на додадена вредност на струјата од сегашните 5 на 10 отсто. Повластената стапка од 5 отсто, како што рече министерот, била дел од владините мерки за справување со енергетската криза.

„Согласно новите пресметки има простор ДДВ за струјата да се врати на 10 проценти, а да нема импакт на цената на електрична енергија и за домаќинствата и за малите потрошувачи и сите тие коишто се снабдуваат со електрична енергија на регулираниот пазар“, рече Бектеши.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.