Бензините поевтинуваат за денар, дизелот за половина денар

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт во земјава. Според тоа, бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за еден денар по литар, а цената на дизел горивата се намалува за половина денар.
Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 67, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 е 69 денари за литар. ЕУРОДИЗЕЛ ќе се продава за 59,5, додека Екстра лесното масло за домаќинство за 59 денари за литар.
Со одлуката на РКЕ за 0,977 денари за килограм се намалува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 33,619 денари.
Оваа одлука влегува во сила со денот на донесувањето, а ќе отпочне да се применува од 00:01 часот на 26.05.2021 година и истата ќе се објави во “Службен весник на Република Северна Македонија” и на веб-страницата на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија.
