Поскапува дизелот и екстра лесното масло, бензините по стара цена

Објавено на 9 јуни, 2025 во 13:12

Еден денар за литар поскапуваат дизел горивото и Екстра лесното масло за горење, од вечерва на полноќ, додека мазутот ќе чини повеќе за 0,624 денари/ килограм. Бензините од 95 и 98 октани остануваат со иста цена како и претходно, одлучи РКЕ на последната седница.

Малопродажните цени на нафтените деривати и горива за транспорт ќе изнесуваат:

– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 74,50 (денари/литар)

– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 76,50 (денари/литар)

– Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 66,00 (денари/литар)

– Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 68,50 (денари/литар)

– Мазут М-1 НС – 38,486 (денари/килограм)

Поскапувањето на нафтените деривати изнесува скоро 1 % проценти, а се должи на растот на цените за повеќе од 3 % на светските референтни берзи. 

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.