Бујар Османи утре во официјална посета на Турција

Објавено на 6 јуни, 2022 во 14:24

Министерот за надворешни работи Бујар Османи утре ќе отпатува во официјална посета на Турција каде што ќе оствари средба со неговиот турски колега Мевлут Чавушоглу и со претседателот на Големото национално собрание на Турција, Мустафа Шентоп, соопшти МНР.

„Во фокус на разговорите ќе бидат билатералните односи и мултилатералната соработка во рамки на НАТО и ОБСЕ, регионалните предизвици, како и последици на руската инфазија на Украина“, информираат од МНР.

Во текот на неговата посета во Турција, Османи ќе сретне и со поранешниот турски министер за надворешни работи Хикмет Четин, кому ќе му додели признание по повод 30-годишнината на независноста на Северна Македонија.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.