Цените на нафтените деривати денес остануваат исти, велат од РКЕ
Објавено на 14 март, 2022 во 13:48
Од Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) информират дека денеска нема предуслови за да се корегираат цените на нафтените деривати и затоа цените остануваат исти.
Со тоа денеска и утре остануваат да важат актулените цени на нафтентите деривати, односно ЕУРОСУПЕР БС – 95 и понатаму ќе се продава за 86,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 за 88,5, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 88, Екстра лесното масло за горење (ЕЛ-1) за 83,5 денари за литар, а Мазутот М-1 НС за 60,914 денари за килограм.