ЦУК: 1.652 повици на Единствениот број за итни случаи 112 во последното деноноќие

Објавено на 19 декември, 2023 во 09:17

Во Центарот за управување со кризи, според последниот извештај имало вкупно 1.652 повици на Единствениот број за итни случаи 112 во последното деноноќие. „Реални“ повици биле 42,37%, а 57,63% други, именувани како „неитни повици“, што биле за други потреби на граѓаните или едноставно не биле итни.

-Повици за итни случаи на 112, што се за комбинирано решавање кон ЦУК, имало 10,80% од „реалните“. Тие повици, заедно со другите 57,63% „неитни повици“ (972 вкупно), биле предмет на примање и обработка од дежурните оперативци во Секторот Е-112 во содејство со Секторот за операции и координација во ЦУК, додаваат од ЦУК.

Распределбата на повиците за итни случаи, согласно генералната природа на настаните за коишто граѓаните се јавувале, била следната: кон Полиција биле упатени 53,60%, кон Итната медицинска помош 33,60%,а кон пожарникарите 2,00% од повиците од 112 во ЦУК.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.