Полицијата во претреси во Неготино и во кавадаречко село пронашла и одзела оружје

Објавено на 7 септември, 2024 во 13:58

Со наредба на Основен суд Кавадарци, полициските службеници за криминалистички работи од ОВР Неготино и од ОВР Кавадарци, вчера претпладне, во 9:45 минути, извршиле претреси во домот на С.Н (49) во Неготино а потоа и во село Бојанчиште, кавадаречко. Во претресите биле пронајдени и одземени оружје, машинки, опрема и пиротехнички средства.

Поточно одземени се два карабини „застава“, кои што С.Н ги поседувал без соодветна дозвола, две машинки за изработка на ловни патрони, две машинки за ставање и извлекување на иницијални каписли, комплетна опрема за изработка на ловни патрони, количина на ловни патрони, куршуми и пиротехнички средства.

-Лицето С.Н. бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти портпаролката на СВР Велес Биљана Ѓаковска.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.