ЦУК: 1.810 повици на Единствениот број за итни случаи 112 во последното деноноќие
Објавено: 20 декември, 2023, во 09:12 часот
Во Центарот за управување со кризи, имало вкупно 1.810 повици на Единствениот број за итни случаи 112 во последното деноноќие. „Реални“ повици биле 40,17%, а 59,83% други, што биле за други потреби на граѓаните и не биле итни.
-Повици за итни случаи на 112, што се за комбинирано решавање кон ЦУК, имало 3,89% од „реалните“. Тие повици, заедно со другите 59,83% „неитни повици“ (1.093 вкупно), биле предмет на примање и обработка од дежурните оперативци во Секторот Е-112 во содејство со Секторот за операции и координација во ЦУК, додаваат од ЦУК.
Инаку, согласно генералната природа на настаните за коишто граѓаните се јавувале, кон Полиција биле упатени 59,53%, кон Итната медицинска помош 3,50%, а кон пожарникарите 3,50% од повиците од 112 во ЦУК.
Дума.мк


