Денеска сончево време и потопло преку ден
Објавено: 6 април, 2022, во 09:41 часот
Времето денеска сончево со мала до умерена облачност и потопло преку денот. Ќе дува слаб до умерен, а попладне долж Повардарието повремено засилен ветер од јужен правец.
Утре на повеќе места ќе биде нестабилно со интензивен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Потоа до сабота времето ќе биде претежно сончево и значително потопло.
Во недела повторно ќе има дестабилизација со силен северен ветер и локални врнежи, а температурата значително ќе се намали.




