Детали од МВР: Малолетничката од Волково добила струен удар откако се качила на вагон

Објавено на 28 ноември, 2022 во 13:23

Министерството за внатршени работи излезе со детали за малолетничката која со изгореници по грбот и нозете била итно донесена во Ургентниот центар откако добила струен удар од жиците поставени над вагон од воз.

Според информациите, во текот на вчерашниот ден на 27.11.2022 во 13:41 часот во СВР Скопје било пријавено дека на Железничка станица Маџари со повреди од струен удар се здобила 17-годишна малолетничка од с.Волково, скопско.

-Според пријавеното, таа се качила на вагон и притоа дошло до струен удар и се здобила со повреди.

Малолетничката била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош, а за настанот бил запознаен Јавен обвинител, соопштија од полицијата.

Девојчето е сместено на одделението КАРИЛ и е во свесна состојба.

Од неофицијални извори до несреќата дошло откако малолетничката се качила на вагонот во обид да сними видео за социјалната мрежа Тик-ток.

Истрагата за несреќата сè уште е во тек.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.