До петок топло и стабилно, дожд во сабота и од недела опаѓање на температурите
Објавено: 14 септември, 2021, во 12:07 часот
До петок ќе се задржи стабилно и топло време, а дневната температура ќе достигне до 35 степени. Во сабота ќе има појава на локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Од недела температурите ќе бидат во постепено опаѓање.
Времето утре ќе биде сончево со мала локална облачност и слаб до умерен ветер од северозападен правец. Утринските температури утре ќе се движат од 5 до 14 степени, а дневните од 24 до 35 степени.
Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со мала облачност. Утринската температура ќе достигне до 10 степени, а дневната до 32 степени, соопшти УХМР.



