Џафери: Локални избори на 17-ти октомври, ќе бидат распишани на 6-ти август
Објавено на 30 јули, 2021 во 10:49
Собранискиот спикер, Талар Џафери, денеска потврди дека датумот за одржување на локалните избори е 17 октомври.
-Изборите ќе се распишат на 6-ти август. Одлуката не се должи на меѓупартиски договор, туку врз основа на законите, бидејќи токму во тој период им истекува мандатот на актуелните градоначалници, информира Џафери.
Според него, со ова се обезбедуваат законските обврски за обезбедување на термин со кој градоначалниците нема да го надминат законски утврдениот мандат од 4 години.