„Карфур“ го затворил маркетот и во Тетово

Објавено: 9 февруари, 2016, во 14:19 часот

„Карфур“ го затворил маркетот и во Тетово – објави Плусинфо. Според информациите до кои дојде порталот, маркетот кој се наоѓа во трговскиот центар „Рем мол“ е затворен на крајот на декември лани.

Во овој град маркетот на „Карфур“ беше отворен во август 2014 година на површина од 1.200 метри квадратни, а во него беа вработени 42 лица. Вработените во овој маркет не коментираат за причините за затворање, но наведуваат дека останале баз неколку плати.

Минатата недела „Карфур“ го затвори својот маркет и во Скопје, каде што сопствениците на компанијата освен на деловните соработници, останале должни и на вработените.

Долгот кон деловните партенри, повеќе македонски фирми, се проценува на 10 милиони евра, а за разрешување на проблемот се вклучени коморите и Владата. Повикани се и Управата за јавни приходи и Финансиската полиција, да го испитаат работењето на фирмата. Неофицијално, двата најголеми синџири на супермаркети во земјава, „Веро“ и „Рамстор“, се во битка за просторот во Сити мол, каде што беше сместен „Карфур“. Хипермаркетот „Карфур“, се простира на површина од 4.650 квадратни метри и беше еден од најголемите во земјата. Почна со работа пред три ги пол години заедно со отворањето на трговскиот центар „Сити мол“.

Извор: Радио Канал 77

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.