СКМ : Македонското рударство интересно за Германците

Објавено на 23 октомври, 2012 во 20:43

Македонија со 275 сончеви денови во годината има одлична клима за аграрниот сектор. Втората предност е местоположбата и добрата  врска со средна Европа и со Турција. Експоатацијата на природните суровини се од големо значење за државата во која има резерви на метали од 450 милиони тони или најмногу  цинк и бакарот, додека резервите на неметали изнесуваат 100 милиони тони.

Ова се само дел од заклучоците на конференцијата „Рударство и Агробизнис“ што ја организираше Стопанската Комора на Македонија заедно со претставништвото на германското стопанство во Македонија и комората за индустрија и трговија од Немиц, СР Германија. На конференцијата присуствуваа пет германски како и претставници на домашни реномирани компании. Средбата беше интересна и за германки како и македонски експерти.

За германските стопанственици особено интересни биле информациите за рударството како стопанска гранка кое е застапено со 3,87 % во домашното производство и 7,46%  при изработката на неметали во целокупното стопанство во Македонија. Исто така и статистичките податоци дека 0,2% односно 176 компании во Македонија работат во овој сектор, кој вработува повеќе од 5.000 лица, и изнесува 1,% од вкупниот БДП.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.