Германци влегуваат во пет рудници во Бор кај Зајечар!
Објавено на 25 јануари, 2013 во 21:02
Германската компанија “Кварцверке“ од неодамна е сопственик на седум рудници во Србија. Со превземањето на бугарската фирма “Каолин“ во чии состав е и српскиот “Југо –каолин“, германците влегуваат во пет рудници “Копова УБ“ како и во наоѓалиштата на кварцен песок “Белоречки пешчар“ кај Бор и “Србокварц“ во близина на Зајечар.
Веста за “Новости“ ја потврдил директорот на “Југо-каолина“ , Небојша Илинчиќ.
“Покрај седум рудници во Србија, “Југо-каолин“ кој вработува околку 300 работници има и четири фабрики. На овој начин ќе станеме дел од една од најголемите светски фирми за производство и преработка на кварцен песок“ рекол Илинчиќ.