Србија ја очекува блескава иднина на економски план!

Објавено на 28 јануари, 2013 во 09:03

За 50 отсто поголем промет за три години се очекува во Србија, во Словенија за 15,5 отсто, а во Хрватска за 8,3 – пишува порталот Фактор.

Малопродажбата во Србија сеуште не е развиена, но според предвидувањата на експертите ја оечкува блескава иднина на економски план. Во споредба со Словенија, а посебно со Хрватска засега познати странски ланци немаат влезено во земјата. Во Србија се очекуваат вложувања на светски трговци кои “фрлија око на земјата“ која има повеќе од седум милиони потенцијални потрошувачи.

За потенцијалот на српскиот пазар се направени повеќе економски анализи меѓу кои и она на „Бизнис монитор интернешнал“, каде е направена споредба со пазарот во нашиот регион. По ова истражување, Србија има најголем потенцијал. Бидејки гледано во долари во текот на 2012 година потенцијалот е “тежок“ 70, 6 милијарди долари, а до 2016 се очекува раст над 105 милијарди долари. Во проценти станува збор за раст од 50 отсто. Додека според анализата на „Бизнис монитор“ се очекува прометот на пазарот во Словенија да падне за 15, 5 отсто во наредните три години, а во Хрватска ќе порасне само за 8,3 отсто. Според проценките на аналитичарите странските инвестиции во иднина ќе бидат насочени кон пазарот на Полска, Турција и Русија. Од регионот единствен пазар кон кого ќе бидат насочени ќе биде Србија.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.