Возовите запрени поради штрајк на машиновозачите!

Објавено на 29 јануари, 2013 во 08:23

 

Поради нередовна исплата на плати и сини картони, од вчера попладне, штајкуваат машиновозачите. Блокиран е внатрешниот сообраќај на патници и транспорт на стока.

 

Од независниот синдикат на машиновозачи при МЖ Транспорт најавуваат дека ќе штајкуваат се додека не се исполнат нивните барања за редовно подмирување на платите и надоместоците, како и за повлекување на тужби против дел од вработените.

Машиновозачите соопштија дека пред околу две недели ја примиле ноемвриската плата, на што реагирале а раководството не им одговорило.

Директорот на МЖ Транспорт, Дерковски штрајкот го прогласи за нелегален бидејќи не бил формиран штрајкувачки одбор.

Тој вчеравечер рече дека дента им исплатиле половина од декемвриската плата и дел од надоместоците.

Дерковски побара разбирање од вработените бидејќи во услови на економска криза, кога обемот на работа бил драстично намален, доцнење на платата било нормално.

Синоќа средба со машиновозачите имаше и министерот за транспорт и врски Миле Јанакиевски. По средбата тој не даде изјава ниту имаше изјава од штрајкувачите.

Кон одлуката за штрајк на Независниот синдикат се приклучија и други синдикати во МЖ Транспорт.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.