Професионалните возачи треба да се обучуваат!

Објавено на 6 февруари, 2013 во 21:37

Стопанската комора на Македонија доби овластување да врши стручно оспособување на професионалните возачи.

Сега сите управители на фирми и возачи кои учествуваат во патниот сообраќај надвор од земјава ќе треба таму да се обучуваат, пренесува фактор.мк

 

Како што информирал денеска Митко Митевски, претставник од комората, согласно Законот за превоз во патниот сообраќај сите возачи кои вршат превоз на патници и стока во меѓународниот патен сообраќај задолжително мора да поседуваат сертификат, што го издава Министерството за транспорт и врски.

Според Митевски, токму Стопанската комора на Македонија ќе посредува при стручно оспособување на возачите, но и докажување на управителите на ваквите фирми за нивната професионалност.

Согласно Законот за патен сообраќај, возачите на секои пет години треба да ги обновуваат лиценците за меѓународен сообраќај.

Околу 12.000 возачи од Македонија се регистрирани за вршење меѓународен транспорт.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.