Владата со поповолни условите за кредитирање на проектот „Купи куќа, купи стан“!

Објавено на 7 февруари, 2013 во 18:28

Наместо како досега, половина од учеството, сега владата ќе покрива три четвртини.

 

Ако граѓаните одлучат да земат кредит од 50.000 евра државната помош ќе изнесува околу 15.000 евра за мерката половина рата и над 9.000 евра за половина учество.

Од сега ќе се прифаќаат и апликации за доградба и проширување на постојна куќа.

Ако корисниците на кредитот го исплатат до 10-тата година тогаш не ќе треба да ја вратат субвенцијата. 

Она што останува исто, како досега, се  цената на квадратот и семејни приходи кои треба да изнесуваат до 900 евра.  

„Проектот е наменет за граѓани кои имаат извесен приход, кои не се социјални категории, но немаат доволен приход сами да го решат станбеното прашање“ речеи Зоран Ставрески, вицепремиер и министер за финансии. 

Законските измени влегуваат во собраниска процедура но без предлогот на градежниците со кој се бараше државата да се јави како жирант за банкарските кредити. 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.