Бесплатна струја за сиромашните во Србија !?
Објавено на 10 март, 2013 во 11:32
Нема да плаќаат струја сиромашните граѓани во Србија.
Ослободувањето од плаќање требало да започне штом бидат утврдени критериумите со кои ќе се опфатат најранливите категории на граѓани.
Министерот за труд и социјална политика на Србија, Јован Кркобабиќ изјавил дека се разгледувале повеќе опции како да се реализира владината мерка.
„Парична помош или ваучери. Како и да е, се надевам дека до крајот на годината ќе се најде вистинско решение и системот ќе биде подготвен“, рекол Кркобабиќ.
Тој најавил дека била формирана работна група со задача да најде соодветен модел за ослободувањето на сиромашните граѓани./А.Д
Извор: Танјуг