Бесплатна струја за сиромашните во Србија !?

Објавено на 10 март, 2013 во 11:32

Нема да плаќаат струја сиромашните граѓани во Србија.

Ослободувањето од плаќање требало да започне штом бидат утврдени критериумите со кои ќе се опфатат најранливите категории на граѓани.

Министерот за труд и социјална политика на Србија, Јован Кркобабиќ изјавил дека се разгледувале повеќе опции како да се реализира владината мерка.

„Парична помош или ваучери. Како и да е, се надевам дека до крајот на годината ќе се најде вистинско решение и системот ќе биде подготвен“, рекол Кркобабиќ.

Тој најавил дека била  формирана  работна група со задача  да најде соодветен модел за ослободувањето на сиромашните граѓани./А.Д

Извор: Танјуг

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.