Германците сакаат да си ја вратат марката!
Објавено на 12 март, 2013 во 18:30
Излез од еврозоната е главната точка во програмата на новата германска партија,Алтернативна за Германија.
Социолозите и политичките аналитичари сметаат дека програмата на Алтернатива за Германија има добри шанси да ги освои гласовите на избирачите, бидејки четвртина од Германците како што покажуваат анкетите сакаат враќање на германската марка.
Во меѓувреме пак Чешка најави дека ќе се придружи кон еврозоната и ќе воведе едниствена валута, иако во Чешка има повеќе противници, отколку луѓе кои сакаат да се воведе еврото./А.Д
Извор: Фактор