Од парите на печалбарите живеат се повеќе семејства во Македонија!
Расте бројот на семејства што живеат од парите од печалбарите. Овој тренд особено дојде до израз по избувнувањето на економската криза во Европа, а потоа и во Македонија.
Најновото истражување со наслов “Докази од користењето на приватните трансфери “ што го спроведе универзитетот Американ Колеџ во соработка со регионални истражувачи, обелоденува дека во екот на кризата парите на печалбарите продонеле да се амортизира сиромаштијата.
Така, ова истражување покажува дека во време на кризниот период од 16 отсто, бројот на семејства што примале приватни трансфери од странство се зголемил на 21 отсто. Во исто време, се зголемила и сума што ја праќале печалбарите од 1 990 евра на 2 070 евра.
“Поверојатно е дека руралните и Албанските домаќинства примаат повеќе приватни трансфери, и пред и после кризата. “ – констатира истражувањето.
Текстот во целост е објавен на Фактор.мк.