АХВ: „Сирењето на „Здравје Радово“ е исправно“!
Дејан Рунтевски, директор на Агенцијата за храна и ветеринарство, денеска ги демантираше информациите кои се појавија во српските медиуми околу квалитетот на производите на млекарницата „Здравје Радово“.
„Немаме официјална потврда од надлежните од Република Србија дека нешто не соодветствува во производите од Македонија и мислиме дека мотивите за овие информации се конкурентски“, рече Рунтевски.
Тој посочи дека секој производ кој се извезува од земјата излегува со соодветен сертификат и дека секоја пратка се проверува во лабораториите во државата.
– „Стоиме зад тие резултати.Компанија продава и млечни производи и производи со растителни масла, што не е овде спорно и е дозволено и во двете држави доколку соодветно се декларираат“, објасни Рунтевски./ Б.Н.Т