Зголемен јавниот долг на Хрватска

Објавено на 2 април, 2014 во 08:21

Јавниот долг на Хрватска кон крајот на минатата година изнесуваше 219,4 милијарди куни, односно 29 милијарди евра и достигна 67 проценти од Бруто домашниот производ, што е за 11 отсто повеќе, отколку кон крајот на 2012 година, соопшти Хрватската народна банка.

Во изминатата година јавниот долг е зголемен за 36,1 милијарда куни, а кон растот придонела и домашната и странската компонента.

Внатрешниот долг на државата кон крајот на минатата годна изнесувал 139,4 милијарди куни, што е речиси 19,5 милијарди повеќе, отколку кон крајот на 2012 година.

Странската компонента на долгот е зголемена за 16,7 милијарди куни, на нешто повеќе од 80 милијарди.

Доминантен удел од речиси 98 отсто во јавниот долг има државата, чиј долг на крајот на 2013 година изнесувал 214,8 милијарди куни, што е 35,4 милијади повеќе, отколку во 2012 година.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.