Благ пораст на цените на индустриското производство

Објавено на 18 април, 2014 во 12:25

Според податоците на Државниот завод за статистика, во февруари 2014, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки за 0,1% на месечно ниво, а се пониски за 3,2% на годишно ниво.

Во февруари 2014, во споредба со јануари 2014, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 0,8%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0,5%, додека во секторот Преработувачка индустрија се на исто ниво како и претходниот месец.

Во февруари 2014, во споредба со февруари 2013, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 4,7%, во секторот Преработувачка индустрија за 3,1% и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 2,8%.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.