Пад на еврото спрема доларот
Објавено на 23 јануари, 2015 во 07:38
Вредноста на еврото падна на најниско ниво спрема доларот во изминативе 11 години.
Вчера едно евро чинеше долар и 13 центи.
До ова дојде откако Европската централна банка објави голема програма за купување државни обврзници со цел да се зголеми инфлацијата и да се охрабри кредитирањето.
Програмата ќе трае 19 месеци и ќе чини билион евра.
