Фактор: Цената на нафтата ќе расте, ама колку?
Цената на нафтата Брент ќе се зголеми до околу 70 долари за барел на среден рок, велат аналитичарите од Capital Economics. Според нив сепак ниво од 100 долари за барел не се очекува наскоро, пренесе Фактор.
Се очекува цената на нафтата постепено да се зголемува. Брзото враќање на цената беше поттикната од остриот пад на бројот на нафтени платформи во САД, сметаат аналитичарите од Capital Economics. Тие сепак не очекуваат нагло покачување.
“Враќањето на цената на Брент во последните две недели ја поддржува нашата теза дека цената на нафтата постепено ќе се искачи назад до околу 70 долари за барел во среднорочен план, потпомогната на патот од дополнителни податоци за намалување на инвестициите. Сепак не очекуваме цените да се искачат назад до 100 долари наскоро “, велат аналитичарите.
“Намалувањето на растот на приносот по светот, но најмногу во САД, е клучната причина да очекуваме цената на Брент да се крева постепено во следните неколку години”, дополнуваат тие.
