Арапи ќе градат аеродром во Улцин
Објавено на 17 април, 2015 во 09:42
Компанијата „Ројал група“ од Обединетите Арапски Емирати планира во Улцињ на изгради аеродром, а на Ада Бојана десет хотели со пет и повеќе ѕвезди. Тоа го изјави извршниот директор на ХТП Улцињска ривиера, Радомир Микан Зец.
Тој најави дека арапските инвеститори, кои минатата недела го посетиле островот Ада каде што се влева Бојана во морето, обезбедиле работа за 500 до 1.500 работници, пишува подгоричкиот весник Дневне новине.
