Форум за вински туризам во Демир Капија
Објавено на 25 април, 2015 во 10:23
Форум за вински туризам и вински патишта се одржува денеска во Демир Капија во организација на Министерството за економија и фондацијата „Тиквешки вински пат“. Вчера во Скопје беше одржана меѓународна конференција на оваа тема.
На форумот станува збор за потребите од едукација во туризмот, особено во винскиот.
Винскиот туризам во Македонија почнува да се развива од 2005 година кога стартуваше и Фондацијата Тиквешки вински пат.