Мундис го намали кредитниот рејтинг на Грција
Објавено на 2 мај, 2015 во 15:12
Американската рејтинг агенција Мудис го намали кредитниот рејтинг на Грција на неинвестициско ниво.
Како причина за тоа ја наведува неизвесноста во поглед на тоа дали Атина навреме ќе постигне нов договор со инвеститорите, со цел да ги отплати долговите кои доспеваат за наплата.
Мудис го намали рејтингот на Грција за еден степен на Саа2, што е само два степени над нивото кое означува неизбежен банкрот, со задржување на негативната прогноза за рејтингот.
Како образложение за постапката, Мудис наведува дека актуелните тешки преговори помеѓу Атина и нејзините кредитори, ЕУ и ММФ, не даваат надеж за постигнување договор за новиот пакет помош, неопходен за да се избегне банкрот.