Бензините поевтинуваат!?
Цената на суровата нафта на светските берзи годинава ќе се намалува со поголемо темпо во однос на она што се предвидуваше. Според најновите проекции и очекувања на Народната Банка, цената на “црното злато“ на светските берзи и натаму ќе се намалува, пишува Фактор.
“Се очекува цената на суровата нафта од типот „брент“ да забележи значителен пад во 2015 година, којшто ќе биде многу подлабок од очекуваниот во октомври, во услови на присутна нерамнотежа помеѓу основните ценовни фактори, односно при постојано присуство на структурен вишок понуда на нафта на глобалниот пазар наспроти бавниот раст на побарувачката“, посочуваат анализите на НБРМ.
Од друга страна, домашите институции анализираат дека растот на цената на нафтата ќе се случи доколку се зголеми побарувачката но и поради нарушувањата на пазарот на понудата и побарувачката поради геополитичките превирања.
Текстот во целост прочитај го тука.