Визер од денеска со нови линии низ Европа

Објавено на 29 јуни, 2015 во 08:32

Од денеска се воведуваат пет нови авиолинии од скопскиот аеродром. Нискобуџетната авиокомпанија Визер од денеска од аеродромот Александар Велики во Скопје воведува директни авиолинии до европските градови Барселона, Осло, Нирнберг, Хамбург и Фридихшафен и тоа два пати неделно.

Од охридскиот аеродром авиокомпанијата Визер од среда ќе лета за Базел, исто така два пати неделно.

И новите шест авиолинии Визер ги воведува со субвенции од македонската Влада, според договорот со Министерството за транспорт и врски.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.