Најголемиот кредитор на Грција е Германија

Објавено: 8 јули, 2015, во 09:12 часот

Најголемиот кредитор на Грција е Германија, покажуваат статистичките податоци, претставени денеска од белгиски медиуми, пишува Инфо.

Атина му должи на Берлин 87 милијарди евра. Вториот по големина кредитори на Грција е Франција (66 милијарди евра). Потоа следуваат Италија (58 милијарди) и Шпанија (40 милијарди). Холандија и позајмила на Грција 19 милијарди евра, Белгија – 11 милијарди, Австрија – девет милијарди.

Финска – шест милијарди евра, а Словенија 1,5 милијарди евра што е четири отсто од нејзиниот БДП.

Долговите кон државите од еврозоната се составени од основата на кредитите од институциите на ЕУ, како според билатералните кредитни договори.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.