Словенците не сакаат им се прости долгот

Објавено: 3 септември, 2015, во 12:49 часот

Во првите месец дена откако во Словенија важи законот за отпишување на долговите на најсиромашните, молби за простување на долгови поднеле само 700 граѓани.

Парламентот пред три месеци го усвои законот без ниту еден глас против. Одбиен беше само предлогот на опозициската Обединета левица отписот да опфати повеќе презадолжени како и за да се спречи конфискацијата на живеалиштата на граѓаните кои имаат долгови во банките.

Апликациите за поништување на долговите се примаат веќе два месеца. Можат да аплицираат граѓаните кои во првата половина од оваа година добиле социјална помош или заштитен надоместок, воените ветерани без приходи и семејствата со многу деца.

Податоците за поднесените барања досега покажуваат дека интересот за поништување на долговите е помалку од она што се оценило при донесувањето на законот, пренесува „Хина“ и потсетува дека владата тогаш наведуваше дека на таа мерка би можеле да имаат право 100.000 граѓани.

Извор: Локално.мк

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.