Раст на БДП: Економијата лази,инвестициите „ќе издишат“ !

Објавено: 13 ноември, 2015, во 08:50 часот

Уште една економска година во која економијата ќе испорача позитивна стапка на економски раст, но не доволна за да тој исчекор директно да се почуствува врз стандардот на граѓаните. Политичката криза и незвесноста што ја донесе го земаа својот данок – Народната банка ја намали проекцијата за економски раст на 3,2%. И предизборниот период што следува носи ризици кои директно ќе бидат пресметани во идните одлуки на странските и домашните инвеститори, пишува Фактор.

Извоз, потрошувачка, цени – како ќе заврши 2015 година…

Прогнозите за драматично намалување на инвестициската активност во пакет со прогнозата за намалување на извозот се дел од клучните фактори кои ги стопија очекувањата за раст на економијата за 4,1% годинава. Народната банка ги ревидираше проекциите во надолна линија, намалувајќи го растот на 3,2%. За разликата од априлските проекции, октомвриските предвидуваат пред се пад во инвестициската активност. Така наместо планираните 2,7% раст на инвестициите, сега се превидува дека тие ќе се згоелмата за 0,7%. Опоравување с еочекува во 2016 година со стапка од 2,8% и во 2017 година, кога се оечкува стапка на раст од 2,1%.

Намалување се очекува и на извозната активност. За разлика од априлската проекција за раст на извозот од 2,7%, сега очекувањата се дека тој до крајот на годинава ќе се зголеми за 1,6%.

Според новите ревидирани проекции на НБМ, годинава се очекува раст на јавната потрошувачка од 0,2% на 0,6%.

Народната банка во надолна линија ги ревидираше и очекувањата за инфлацијата, со проекција дека годинава ќе заврши со стапка од 0%, додека пак следната година цените на мало ќе пораснат околу 1,5%.

Позитивните стапки на раст не допираат до граѓаните ?

Врз основа на сите направени анализи, а како што и претходно најави, гувернерот Димитар Богов соопшти дека НБМ ја намали проекцијата за економски раст од 4,1% на 3,2%.

“Нашата економија покажа дека има здрави фундаменти и се покажа доста отпорна. Значи во такви услови растот изнесува слично на минатогодишното ниво. Очекуваме годината да ја завршиме со 3,2% економски раст. Наредните две години тој ќе забрзува на 3,5 односно 4%. Фундаменталните фактори кои што го движат овој раст се исти: државниот инвестициски стимул, позитивните ефекти од новите капацитети кои што се исклучиво извозно ориентирани ,поволните движења на пазарот на трудот и солидната кредитна поддршка“, изјави  Богов.

Текстот во целост прочитај го тука.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.