Капитал: Осмели се.И умри.

Објавено: 27 ноември, 2015, во 09:13 часот

Според податоците од Централниот регистар минатата 2014 година во Македонија се отвориле околу 6.400 нови фирми. Ако се направи споредба со 2008 година тогаш излегува дека лани се отвориле двојно помалку фирми во споредба со 2008 година кога биле отворени 13.500 нови бизниси. Ова е убедливо најмал број на новоотворени бизниси во Македонија во изминатите седум година. И покрај тоа што во последниве неколку години стартуваа разни владини програми за самовработување, пишува Капитал.

Деновиве беше објавено едно истражување на меѓународна консултантска куќа кое покажува дека Кина го надминала остатокот од светот според растот на новоотворени бизниси. Ова истражување открива дека во Кина секој ден се основаат по 4 илјади нови бизниси. Во споредба со 2010 година кога кинеската економија растеше со стапка од 10%, бројот на старт-апи или новоосновани бизниси во Кина е двојно зголемен. Зад Кина, следат Велика Британија и Индија.

Кинезите веќе одамна го сменија курсот во економијата и очигледно не се веќе големата евтина фабрика на светот. Бидејќи традиционалната кинеска економија која базира на ниски трошоци веќе почна да успорува, Кина се трансформира и преобразува во старт ап нација. Кинеските власти во обид да ја поддржат успорената економија се насочија кон поттикнување на нови бизниси, посебно до ИТ секторот. Прилично комунистички? Напротив. Кинезите сфатиле дека ослободувањето од даноци и намалувањето на разните давачки за малите стартапи е единствениот начин на кои овие фирми можат утре да пораснат во успешни големи компании. Тоа е кинеската нова генерација на фирми.

Компанијата  Бизноде исто така пред неколку недели објави истражување за бројот на новоотворени и згаснати фирми во Централна Европа, според кое сите земји во регионот, освен Унгарија и Словачка, имаат раст на бројот на новоотворени фирми. Најголем раст на бројот на новоотворени фирми имаат Хрватска, Србија и Полска.

Во Македонија ситуацијата е обратна. Народната банка неодамна предупреди на трендот на намалување на претприемачката иницијатива во земјата. Бројот на новоотворени фирми во Македонија веќе неколку години по ред се намалува, а расте бројот на фирми над кои е отворена стечајна постапка.

Според податоците од Централниот регистар минатата 2014 година во Македонија се отвориле околу 6.400 нови фирми. За споредба, во Хрватска во истиот период се отвориле близу 16 илјади нови бизниси.
Ова е убедливо најмал број на новоотворени бизниси во Македонија во изминатите седум година. Ако се направи споредба со 2008 година тогаш излегува дека лани се отвориле двојно помалку фирми во споредба со 2008 година кога биле отворени 13.500 нови бизниси.
И покрај тоа што во последниве неколку години стартуваа разни владини програми за самовработување, со кои според надлежните институции се отворени околу 6.700 нови микро бизниси во периодот од 2007 до 2014 година.

Уште еден уште полош показател кој покажува каде оди македонската економија е податокот кој покажува дека најголем број од новоотворените бизниси во земјава се минимаркети, пиљари, кафани, ресторани, сендвичари, а по нив следуваат занаетчиски работилници… Ова ли е нашата нова индустрија на иднината што треба да ја повлече македонската економија? Ова ли е најпрофитабилниот сегмент од македонската економија кој привлекува најмногу претприемачи? Или единствено сигурно во оваа државата остана тоа дека овој народ мора да јаде и да пие!?

Текстот во целост прочитај го тука.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.