„Виз ер“ со нови рути – од Македонија до Берлин, Братислава и до Копенхаген

Објавено: 2 декември, 2015, во 12:49 часот

„Виз ер“, најголемата нискобуџетна авиокомпанија во Централна и Источна Европа, денеска го најави своето понатамошното проширување на својата мрежа во Македонија со три нови рути од Скопје.

„Виз ер“ ќе го поврзе главниот град на Македонија со Берлин Шенфелд од 21 март 2016 година, додека, пак, новите летови од Скопје до Копенхаген и Братислава ќе започнат да се спроведуваат, од 22 и 28 март. Секоја од рутите ќе се спроведува два пати во неделата.

Братислава и Копенхаген, главните градови и економски центри на Словачка и Данска, се двте нови дестинации во Визеровата мрежа, која се состои од 116 аеродроми.

„Виз ер“ сега нуди вкупно 24 рути кон 11 земји од двата негови македонски аеродроми во Скопје и Охрид. Билетите за најновите правци на Wizz Air се веќе во продажба и можат да се резервираат на wizzair.com. Авиобилетите се во продажба и тоа од само 599 денари*.

– Возбудени сме што ги најавуваме новите три рути од Скопје до главните градови на Данска, Германија и Словачка и сме убедени дека и овие три нови линии ќе бидат популарни како и останатите 21. во нашата македонската мрежа, која постојано расте. Билетите за новите рути се веќе во продажба од денес, потикнувајќи ги нашите патници да добијат билети по најниски цени на wizzair.com, мобилниот веб-сајт или преку нашите смартфон апликации – изјави Тамара Мешвениераџе од „Виз ер“.

 

Извор: Плусинфо.мк

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.