Нобелова награда за мир за Европска Унија!
На церемонија во Осло денеска лидерите на Европската Унија ја примија Нобеловата награда за мир за оваа година.
Ветија дека ќе ја продолжат борбата за траен мир, слобода и правда и заштита на еврото.
ЕУ ја доби наградата заради улогата во преобразувањето на Европа во “континент на мирот“. Нобеловиот комитет на Норвешка ваква одлука донел со цел да ја награди унијата за придонесот во шест децениски развој на мирот и помирувањето на демократијата и човековите права.
Наградата ја примија претседателот Херман ван Ромпуј, претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо и претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц.
Претседавачот на Нобеловиот комитет Торбјорн Јагланд потсети дека во војните и екстремистичките движења во минатиот век во Европа настрадале 80 милиони луѓе.
