Хрватскиот претседател Јосиповиќ ќе се залага целиот регион да влезе во ЕУ!

Објавено на 7 јули, 2013 во 21:14

– Хрватска ќе се залага целиот регион на западен Балкан да стане дел од уединета Европа бидејќи тоа е наша иднина, изјавил хрватскиот претседател Иво Јосиповиќ. Тој утре ќе ја започне дводневната посета на БиХ, прва откако Хрватска стана членка на ЕУ.

Во изјава Јосиповиќ рече дека намерно ја избрал БиХ како своја надворешна дестинација бидејки тоа било сосема природно.

Запрашан дали Хрватска, сега на некој начин, ќе стане лидер на регионот Јосиповиќ одговори дека не ги сака таквите шпекулации бидејќи Хрватска нема амбиции да изигрува тутор.

Тој додаде дека Хрватска има амбиции да помогне пред се поради сопствени интереси бидејќи и непостои држава која сака во нејзиното соседство да има сериозне проблем или криза.

– Во таа смисла,Хрватска како членка на Унијата ќе ги заговара интересите на целиот регион, рече Јосиповиќ.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.