Филипче: Од 26% на 8% намалена смртноста на предвреме родените бебиња
Предвремено родените бебиња се големи борци, а наша обврска е да обезбедиме најдобра грижа за нивниот нормален раст и развој. Од 2016 година до денес, смртноста кај предвремено родените бебиња е намалена од 25% на 8,9%, односно за цели 16,1%, информира министерот за здравство Венко Филипче.
-Работиме посветено овој процент да продолжи да се намалува, преку инвестирање во најсовремена опрема, обезбедување најдобри услови, обуки и едукација на лекарите и медицинскиот персонал кој се грижи за овие наши мали борци. Здравјето на нашите деца е секогаш врвен приоритет.На денот на предвреме новородените деца, сакам да порачам дека навремените прегледи и грижата за сопственото здравје на трудниците се клучот за стабилна бременост и зачувување на здравјето на бебињата. Министерството ќе продолжи да вложува и да го унапредува одделот за Гинекологија и акушерство со цел врвна услуга, многу спасени млади животи и европски стандарди во македонското здравство, соопшти Филипче.