Горивата поевтинуваат
Објавено на 3 февруари, 2025 во 14:28
Од вечерва на полноќ поевтинуваат горивата одлучи денес Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги на РСМ. Според Одлуката малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 1,00 ден/лит. и ќе се продава по цена од 79,00 ден/литар. Цената на ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 0,50 ден/лит и ќе се продава по цена од 81,50 ден/лит.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ1), се намалуваат за 1,50 ден/лит. и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 73,00 ден/лит., додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) 72,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,141 ден/кг и сега ќе изнесува 44,672 ден/кг.