Итен инспекциски надзор во Битолската болница побара министерот за здравство
Објавено на 24 март, 2023 во 09:38

Mинистерот за здравство, д-р Фатмир Меџити итно побара Државниот санитарен и здравствен инспекторат да изврши инспекциски надзор за случајот со починатото девојче во Клиничка болница Битола, објави Апла.мк.
Петгодишната Јана Христовска од битолското село Кравари почина завчера откако претходно прими инфузија во Клиничката болница во Битола.
Нејзиниот татко Стојче Христовски изјави дека на девојчето и била дадена инфузија по што шеќерот кој бил девет се поканил на 19 и состојбата и се искомплицирала.
Болницата побара обдукција за утврдување на причините за смртта.
Дума.мк
