Јапонија годинава го имаше најжешкото лето во последните 125 години
Објавено на 1 септември, 2023 во 13:27

Во Јапонија ова лето беше со највисока просечна температура во последните 125 години, соопшти Националната метеоролошка агенција.
Врз основа на мерењата на 15 локации во земјата од јуни до август, просечното температурно отстапување беше +1,76 Целзиусови степени, соопшти Јапонската метеоролошка агенција (ЈМА). Ова го надминува претходниот рекорд од +1,08 степени во 2010 година.
Податоците од ЈМА датираат од 1898 година.
Просечните температури беа значително повисоки во северните, источните и западните делови на земјата, додаде агенцијата.
Дума.мк
