Јапонија воведува вонредна состојба во Токио, 2 недели пред почетокот на Олимписките игри
Објавено: 8 јули, 2021, во 15:01 часот
Владата на јапонскиот премиер Јошихиде Суга донесе одлука за воведување на вонредна состојба во Токио поради коронавирусот, само две недели пред почетокот на Олимписките игри, објавено е во четвртокот. Привремената вонредна состојба ќе биде во сила од понеделник до 22 јули, соопшти владата.
Предвидено е Олимпијадата да се одржи од 23 јули до 8 август.
Причината за воведувањето на четвртата вонредна состојба во Токио е уште едно значително зголемување на бројот на заразени. Вонредната состојба, сепак, не е затворање со строг полициски час како во другите земји.
Иако граѓаните се повикуваат да останат дома, рестораните се отворени, но не смеат да служат алкохол, нудат караоке и треба да се затворат порано навечер отколку вообичаено. Јапонија не доживеа експлозија на пандемијата „Ковид-19“, како што се гледа во другите земји, но има повеќе од 810.000 заразени и 14.900 мртви, според Ројтерс.

Одлуката за воведување нова вонредна состојба во Токио доаѓа во четврток кога беше објавен бројот на 896 новозаразени во главниот град, што е скоро како кон средината на мај.
Организаторите предложија неколку сценарија за Олимписките игри до спонзорите доцна во средата навечер, изјави извор близок до разговорите.



